27/07/2024
ОхридСпорт

Се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“

На боксерски ринг поставен на отворено во близина на кејот на Охридското Езеро, вчеравечер во Охрид се одржа Финалето на Опен балкан купот во бокс и Меморијалниот боксерски турнир „Алексо Огненовски“.

„Упатувам искрени честитки до организаторите за посветеноста во организацијата на овој двоен спортски натпревар, кој претставува уште една значајна манифестација во севкупната спортска и туристичка понуда во Охрид.“ – истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

Општина Охрид како и до сега секогаш ќе биде поддршка на вакви иницијативи и атрактивни спортски случувања.