19/04/2024
Охрид

Се одржа педесет и првата седница на Советот на општина Охрид

Денешната педесет и прва седница на Советот на Општина Охрид, започна со усвојувањето на записниците од 46, 47, 48 и 49 седница. На дневен ред на седницата имаше 40 точки од кои две беа повлечени.

Најголемиот  број точки се однесуваа на измени на програмите од скоро сите сектори на општинската администрација и одлуки за усвојување на годишните програми за работа и материјално – финанското работење на средните училишта во Охрид. Опозицијата на почетокот се изјасни дека нема да ги подржи овие точки од дневниот ред.Едногласно беа прифатени точките кои се однесуваа на утврдување на локациии за поставување на подземни контејнери, усвојување на Локалниот Еколошки Акционен План (ЛЕАП) на Општина Охрид (2019 -2025) одлука за меѓуопштинска соработка со Општина Ресен, одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема за пумпни станици на  ЈП „Водовод“ и иницијативата за изменување и дополнување на Статутот на општина Охрид.