19/04/2024
Охрид

Се реконструира средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“

Во тек се градежни работи за реконструкција СОСУ „Св.Кирил и Методиј“. Вредноста на договорот за реконструкција изнесува 9.220.000,оо денари, средства одвоени од буџетот на Општина Охрид. Градоначалникот Кирил Пецаков, денес беше во посета на училиштето.

Согласно проектот предвидено е поставување на термо фасада, замена на кровот, санација на внатрешните простории, електрични работи и замена на осветлувањето во спортската сала.

– За втората фаза обезбедена е проектна документација за промена на начинот на загревање на училишето, наместо на нафта ќе се затоплува со топлински пумпи и трет дел со што ќе се заокружи реновирањето на училиштето ќе биде партерното уредување на дворот со што ќе добие нов лик. Како дел од реконструкцијата ќе се обнови и старата и дотраена електрична инсталација, рече градоначалникот Пецаков.

Предвидено е во текот на оваа година да се отпочне со реконструкција на три училишта „Христо Узунов“, „Братство Единство“ Лескајца и „Св. Наум Охридски“ Пештани.


ВебОхрид / 22.02.2022 / Општина Охрид