25/04/2024
Охрид

Се сади нов цветен расад низ зелените површини

Деновиве во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Зимскиот цветен расад се заменува со летен сезонски цветен расад од видот: агератум, салвија, петунија, сардела, цинија, „Лепи Јово” и „џунџуле”.

Во ново цветно руво ќе светнат зелените површини  во градскиот парк, зелените острови кај кружните текови, зелените делови покрај пешачките патеки до Горица и покрај каналот Студенчишта, покрај дрворедите во централното градско подрачје и другите хортикултурно уредени површини во градот и приградските населби.

Според годишниот план за 2020 год., од летната реколта се планира да се засадат 50,000 садници.