Слалом со камион, спасувајте глава!

Местото на сообраќајната незгода треба што поскоро, на безбедно растојание, да се обележи со сигнален триаголник, како би се предупредиле и останатите возачи да ја намалат брзината и да внимаваат да не дојде до нова незгода. Особено важно е тоа да се прави при услови на намалена видливост, на автопатиштата каде се вози брзо.

Иако полициските возила имаа уклучени ротациони светла, возачот на овој камион очигледно не ги забележа на време, бидејќи на снимката се гледа дека тој воопшто не ја намалува брзината на возилото. Кога возачот конечно увиде дека има застој на автопатот, а беше прекасно за кочење, тој со „слалом“ ги заобиколи препреките и за среќа никој не беше повреден.

Оваа снимка ја регистрираше камерата поставена во камионот:

http://www.youtube.com/watch?v=TZrLMXk0iyQ