Со „Боеми“ на Пучини годинава ќе бидат отворени Мајските оперски вечери

Првиот човек на на Македонската опера и балет, Ќазим Асотиќ, најавува неколку нови проекти но и иновативен пристап во функционирањето на институцијата во периодот што претстои. …

За осумнаесетти април , закажана е балетската премиера на „Либер танго“, на музика од Астор Пјацола, во кореографија на познатата Сабрина Боско од Италија и на македонскиот дизајнер Александар Ношпал.

Во чест на 160 годишнината од раѓањето на Џакомо Пучини, овогодишните четириесет и шести “Мајски оперски вечери” на 9 мај годинава, ќе бидат отворени со премиерна изведба на оперската претстава „Боеми“ , под диригентско водство на Џанлука Мартиненги и сценографија на Флавио Арбети како гости од Италија. На 22 мај во рамките на “Мајските оперски вечери” , македонската оперска публика ќе може да го проследи остувањето на Босанската опера и балет и Народно позориште од Сараево кои ќе ја изведат претставата „Змај од Босне“.

Хорски концерти во Скопје и низ републиката, но и надвор од државата, обнова на национални дела , настапи на балетските уметници низ градовите во внатрешноста се само дел од амбициозната програма на МОБ за годинава.