Во Софија е основана Асоцијација на балканските национални театари

На 13 март годинава, во Софија Република Бугарија, Македонски народен театар – Скопје заедно претставниците нанационалните театрите од Албанија, Косово, Словенија и Романија потпишаа акт за основање на Асоцијацијата на балканските национални театри – АБНТ …

Една од главните цели на асоцијацијата е организирање на форуми, кои ќе се случуваат секои две години во балканските национални театри.

Првиот форум на АБНТ е предвиден за 2020 година, а за негов прв домаќин е избран иницијаторот за формирање на оваа асоцијација националниот театар „Иван Вазов“ од Бугарија . Во блиска иднина се очекува бројот на земјите партиципиенти во АБНТ да биде зголемен со три нови членки Турција,Србија и Грција, кои не присуствуваа на основачката средба во Софија, но веќе ja изразија својата намера да бидат дел од оваа асоцијација.