20/04/2024
ДебрцаСтруга

Сообраќајка на патот Подмолје-Ќафасан, повредено едно лице

На 31.12.2019 во 18:15 часот на крстосница од магистрален пат с.Подмолје-Ќафасан со ул.„Мислешевски пат“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „застава југо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(47) од с.Волино – Општина Дебрца и патничко возило „фолксваген амарок“, со германски национални ознаки, управувано од Б.Р.(20) од СР. Германија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.Т., кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Струга.