28/04/2024
Охрид

Сопствениците на пловни објекти заинтересирани за усидрување на градското пристаниште треба да потпишат договор со ЈП „Билјанини Извори“

Согласно Одлуката за давање на времено користење на недвижен имот на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид бр. 08-4086/60 од 28.04.2021 година од страна на Советот на општина Охрид како и врз Мислењето од Капетанија бр. 03-236/2 од 13.04.2022 година, ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид ГИ ИЗВЕСТУВА сите сопственици на пловните објекти кои веќе се усидрени или се заинтересирани за усидрување на своите пловни објекти на градското пристаниште, најкасно до 25.04.2023 година да дојдат во просториите на претпријатието (Спортска сала „Билјанини Извори“) за да склучат договор со претпијатието во кој ќе се регулираат условите и начинот на користење на пристаништето за усидрување.

Согласно горенаведената одлука на ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид дадено му е на времено стопанисување недвижен имот – градежно земјиште со намена за сидрење на пловни објекти кој се наоќа на м.в. пристаниште на КП.бр. 15498 КО Охрид 3, запишана во имотен лист бр. 100058 со вкупна површина од 1382 м2. 

ЈП „Билјанини Извори“ им напоменува на сите сопственици на пловен објект кои сакаат да го користат градското пристаниште за усидрување на својот пловен објект дека мора претходно неговиот пловен објект да биде регистриран во Капетанија на пристаништата Охрид.


WebOhrid / 28.03.2023 / ЈП „Билјанини Извори“