Средба на градоначалникот Стојаноски со жителите на Ливоишта, Вапила и Косел

Синоќа, градоначалникот Јован Стојаноски, имаше средба со  жителите на месните заедници од Косел, Вапила и Ливоишта. И на овие средби доминираа теми од инфраструктурата и барањето на оптимални решенија за задоволување на потребите на жителите од овие села.

Заедничко барање за сите села е подобрување на водоснабдувањето, решавање на проблемот со отпадните води и подобрување на патната мрежа. Жителите на Ливоишта и Вапила побараа санирање на мостот на локалната река и изградба на детско игралитеше во Ливоишта. За жителите на Косел, приоритетно прашање е чистење на коритото на Коселска река и околните канали.

Градоначалникот Стојаноски ги информира граѓаните на овие населени места, дека дел од нивните барања се во програмите за работа на општинските сектори и јавни претпријатија и за некои од нив веднаш ќе се реагира. Поголемите инфраструктурни зафати – водоводната мрежа и интегрално решавање на коритото на Коселска река и канализациона мрежа, градоначалникот Стојаноски, најави дека ќе се реализираат со поголем проект во кој ќе биде вклучена државата и повеќе странски компании и донатори.