17/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на дивиот жив свет

Светскиот ден на дивиот жив свет е можност да се прослават многу убави и различни форми на дивата флора и фауна и да се подигне свеста за мноштво на бенефиции кои конзервацијата им го обезбедува на луѓето. Во исто време, овој ден не потсетува на итната потреба да се засили борбата против криминалот врз дивите животни, кој има широк опсег на економски, еколошки и социјални влијанија.

Дивиот жив свет, флората и фауната, имаат внатрешна вредност и придонесуваат за еколошките, генетските, социјалните, економските, научните, образовните, културните, рекреативните и естетските аспекти на одржливиот развој и човековата благосостојба. Од тие причини, сите држави-членки, системот на Обединетите нации и други меѓународни организации, како и граѓанското општество, невладините организации и поединци, се повикуваат да ги набљудуваат и да се вклучат во оваа глобална прослава на дивиот жив свет. Локалните заедници може да имаат позитивна улога во помагањето за спречувањето на илегалната трговија со диви животни.

Темата на Светскиот ден на дивиот жив свет 2019 е: „Животот под вода: За луѓето и планетата“, која е посветена на конзервацијата и одржливото користење на морскиот див жив свет.

Океанот содржи речиси 200.000 идентификувани видови, но вистинските броеви може да бидат и во милиони. Над три милијарди луѓе зависат од морската и крајбрежната биолошка разновидност за нивниот живот. Морскиот див жив свет ја одржува човечката цивилизација и развој со милениуми, од обезбедување на храна, до материјал за ракотворби и градежништво. Исто така, ги збогатува нашите животи културно, духовно и рекреативно на различни начини.

Капацитетот на живот под вода за да се обезбедат овие услуги е сериозно погоден, бидејќи океаните на нашата планета и видовите што живеат во нив се под напад и закани. Тие вклучуваат најзначајна и директна закана од преголема експлоатација особено неодржлив риболов и други видови екстракција на морски видови, но исто така и важни закани како што се климатските промени, загадувањето на морињата и уништувањето на живеалиштата. Овие закани имаат силно влијание врз животот на оние кои зависат од поморските екосистемски услуги, особено жените и мажите во крајбрежните заедници.

WebOhrid