09/11/2024
Регион/Свет

Светски ден против пушењето

Секоја година, на 31 мај, Светската здравствена организација и партнерите го одбележуваат Светскиот ден без тутун (Светскиот ден против пушењето), истакнувајќи ги здравствените и другите ризици поврзани со употребата на тутун и се залагаат за ефективни политики за намалување на потрошувачката на тутун.

Фокусот на Светскиот ден без тутун за 2018 година е „Тутунот и срцевите заболувања“. Кампањата ќе ја зголеми свеста за:

  • врската помеѓу тутунот и срцето и другите кардиоваскуларни заболувања, вклучувајќи го и мозочниот удар, кои заедно се водечки причини за смртност во светот;
  • остварливи акции и мерки кои владите и јавноста можат да ги преземат за да ги намалат ризиците за здравјето на срцето.

Светскиот ден без тутун 2018 се поклопува со широкиот спектар на глобални иницијативи и можности насочени кон решавање на епидемијата на тутунот и неговото влијание врз јавното здравје, особено во предизвикување на смрт и страдање на милиони луѓе на глобално ниво. Овие акции имаат за цел да ги намалат смртните случаи од кардиоваскуларните заболувања и да ја подобрат грижата.

WebOhrid