25/04/2024
Охрид

Свикана петтата седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПЕТТАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

 

ЈА СВИКУВАМ петтата седница на Советот на општина Охрид на ден 13.12.2021 година (понеделник) со почеток во 09:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

  1. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на  ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.
  2. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид.
  3. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Водовод“ – Охрид.
  4. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Водовод“ – Охрид.
  5. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
  6. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид.
  7. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Градски пазар“ – Охрид.
  8. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Градски пазар“ – Охрид.
  9. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид.
  10. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид.
  11. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Управниот одбор на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид.
  12. Предлог – Одлука за разрешување и именување членови во Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈП „Охридски комуналец“ – Охрид.
  13. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување надоместок за членовите на Општинската изборна комисија – Охрид и избирачките одбори за локалните  избори 2021 година.
  14. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Охрид за 2021 година.
  15. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од мраз, слана и ниски температури во општина Охрид на ден 15.04.2021 година.
  16. Предлог – Одлука за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од пороен дожд и град во општина Охрид на ден 18.07.2021 година.