26/04/2024
Охрид

Свикана втората седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и член 26 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 8/2007, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14,14/14, 10/19 и 15/20), Претседавачот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ВТОРАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ втората седница на Советот на општина Охрид на ден 19.11.2021 година (петок) со почеток во  11:00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записникот од првата конститутивна седница

  1. Предлог Одлука за верификација на мандат на членови на  Советот на  општина Охрид.
  2. Предлог Решение за формирање Статутарно-правна Комисија.
  3. Предлог Решение за формирање Комисија за финансии и буџет.
  4. Предлог Решение за формирање Комисија за јавни и комунални дејности.
  5. Предлог Решение за формирање Комисија за урбанизам.
  6. Предлог Решение за формирање Комисија за општествени дејности.
  7. Предлог Решение за формирање Комисија за туризам и локален економски развој.
  8. Предлог Решение за формирање Комисија за заштита на животната средина.
  9. Предлог Решение за формирање Комисија за млади и спорт.
  10. Предлог Решение за формирање Комисија за месна самоуправа.
  11. Предлог Решение за формирање Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија.
  12. Предлог Решение за формирање Комисија за еднакви можности меѓу мажите и жените.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Сашо Донев