25/04/2024
Охрид

Таневски: Вашата доверба ќе биде мојот основен мотив, моја сила и моја одлучност во Законодавниот дом

„Почитувани охриѓани, драги пријатели
Од срце Ви благодарам за дадената поддршка. Вашата доверба ќе биде мојот основен мотив, мојата сила и мојата одлучност во Законодавниот дом.
Ви давам збор дека со сите мои капацитети, искуства и знаења ќе се залагам за креирање на политики кои се важни за развојот и напредокот на Охрид и на нашиот регион.
Победата на Коалицијата „Можеме“ е јасен сигнал дека граѓаните го избраа вистинскиот пат, патот кон светла иднина за нас и идните генерации! Имаме реален план и ќе работиме на остварување на цели кои ќе овозможат достоинствен живот за сите.
Убеден сум дека заедно со вас, ќе продолжиме да чекориме напред, заедно #Можеме уште повеќе и уште подобро“, напиша на својот ФБ профил, Лазе Таневски.