20/04/2024
Охрид

Тешко повредени две лица во сообраќајка на патот Охрид-Битола на влезот за с.Куратица

На 20.08.2022 во 13.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Битола на влезот за с.Куратица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “туран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(67) од Охрид, и мотоцикл “кавасаки“ со битолски регистарски ознаки, управуван од К.О.(31) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила С.Д.(22) од Битола констатирани во болницата “Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.