26/04/2024
Македонија

Трибина за предизвиците во третманот на рак на кожа

Денеска во просториите на Медицинскиот факултет се одржа трибина на тема „Предизвиците во третманот на најчестиот карцином – ракот на кожата“, во организација на Министерството за здравство и Универзитетската Клиника за пластична и реконструктивна хирургија и Клиниката за онокологија.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на трибината истакна дека се работи на проширување на листата на лекови на товар на Фондот, меѓу другото и со лекови за карциноми во кои спаѓаат и кожните, а до есен ќе се знае како ќе се прошири листата и со кои лекови.

Воедно, министерот информираше дека онколошките лекови кои се набавуваат во моментов преку одредени клиники во иднина ќе се набавуваат преку Министерството за здравство, со истите средства што претходно биле распределувани на клиниките. На ваков начин се прави подобро планирање, но и може да се обезбедат пониски цени при набавка на лековите.