21/05/2024
Писма/Колумни

Учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ задоволни од спроведената екскурзија во Прага

Ние учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ сакаме јавно да искажиме за шестдневната екскурзија која беше спроведена на 24 септември дека беше една од најдобрите кои до сега биле реализирани од страна на училиштето. Нема некој што не е задоволен и долго време ќе ги паметиме тие шест дена. Релацијата беше Будимпешта-Прага-Карлови Вари-Виена. Ние како ученици сакаме да се заблагодариме на директорот, професорите и агенцијата што ни ја направија оваа екскурзија да биде уште подобра од што самите мислевме дека ќе биде. Екскурзијата помина во најдобар ред, без никакви инциденти и проблеми и се надеваме дека оваа генерација ќе биде долго запаметена по нашето однесување према сите оние кои беа дел од организацијата на оваа екскурзија.

Иван – ученик од ОСУ „Св.Климент Охридски“

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.