27/04/2024
Македонија

УХМР: Во четврток краткотраен пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер

Од УХМР известуваат дека денес ќе се задржи сончево со мала до умерена облачност, попладне со изолирана појава на краткотрајна нестабилост особено на југоистокот, а ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер.

Во четврток во планинските предели особено на запад ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, а ветерот повремено ќе засилува. Потоа ќе продолжи период на променливо облачно и нестабилно време во кој претежно во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд, понекаде поројни и проследени со грмежи. Повеќе врнежи се очекуваат во четврток и сабота, особено во западните делови.