09/11/2024
Охрид

Успеси на основци од „Христо Узунов“ на Републичкиот натпревар во решавање нумерички задачи по физика

На 19.05.2018 година се одржа Републичкиот натпревар во решавање нумерички задачи по физика во Скопје.ОУ „Христо Узунов“ – Охрид учествуваше со 8 ученици!

Учениците Маја Наумоска и Елена Андрееска покажаа солидно знаење, Филип Ѓорѓески, Кристијан Шишкоски, Сања Јовеска и Драгана Усовиќ се стекнаа со пофалници, додека пак Андреј Костоски освои трета награда, под менторство на наставничката Вера Зороска.

„Горди сме како училиште што секоја година успеваме да задржиме тренд на пораст на интересот на учениците кон изучување на физиката, како и традицијата во постигнување на резултати!“- велат од училиштето.