06/12/2024
Охрид

Утре бесплатен паркинг во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ по повод големиот христијански празник Божиќ, донесе одлука утре користењето на услугите на јавниот градски простор со кој стопанисува да биде бесплатно за сите нејзини корисници.

„Одлуката ја носиме во духот на големиот христијански празник и се надеваме дека со овој наш скромен гест ќе се приклучиме кон промовирањето на христијанските вредности како дел од славењето на самиот празник.“ – велат од ЈП „Билјанини Извори“.

ЈП „Билјанини Извори“ им посакува на сите граѓани на Охрид, Република Македонија и на сите наши иселеници од православна вероисповед добро здравје, успех во работата и благосостојба.