26/04/2024
Охрид

Утре ќе се реализира традиционална крводарителска акција „Водици 2023“

Традиционалната крводарителска акција „Водици 2023“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2023 (четврток) од 9:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.

Црвен крст Охрид ги поканува нашите сограѓани и гостите да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.


WebOhrid / 18.01.2023 / Црвен крст Охрид