29/04/2024
Охрид

Утре ќе се спроведе теристичка дезинсекција против комарци

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина   како општа противепидемиска мерка Општина Охрид го издава следното  соопштение:

    • Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид  дека  на   ден  19.07.2023 год.  (среда)   ќе  се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 19 часот во среда  до 06 часот во четврток.
    • Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с.Подмоље до комплексот Св.Наум, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река.
    • Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
    • Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат.
    • Во случај на појава на неповолни временски услови  (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

WebOhrid / 18.06.2023 / Општина Охрид