Утре затворена за сообраќај улицата „Абас Емин“

Поради поставување на втор асфалтен слој  улицата „Абас Емин“, утре  (19.08.2021 година) ќе биде затворена за сообраќај на потегот  од пресекот со улица „Охридска Бригада“ до пресекот со улица “Железничка“.

Градежните активности ќе започнат во  5 часот наутро, затоа општина Охрид упатува апел до жителите во овој дел од градот да ги отстранат своите возила од коловозните ленти и тротоарите  од вечерва со цел истите да не бидат оштетени.