Вечерва во Турскиот театар се игра „Крал Лир“ на Де Бреа

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија, и се изведува со титл на македонски јазик …

НУ Турски Театар вечерва со почеток во 20.00 ч. ќе ја изведе претставата „Крал Лир“ од Вилијам Шекспир, во режија на Диего Де Бреа.

Претставата ќе биде изведена на сцената во Театар Комедија, и се изведува со титл на македонски јазик.

Премиерата на оваа претстава беше на Охридско лето. Насловните улоги ги толкуваат Џенап Самет, Осман Али, Несрин Таир, Ерман Шабан, Зубејде Али, Ебру Мусли. Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски.

Во најавата од Турскиот театар се вели дека Кралот Лир го истражува човечкото патување во темнините и бездните на смртта. „Симнувањето е полно со човечки страв, несигурност и немоќ.
Имено судирот со смртта не е оставен на човечкото самоволие. А Лировото заминување во подрачјата на смртната темнина е дотолку поболно и потрагично заради неговото расцепено срце и помрачениот ум.

Безмислосната болка на сознанието дека бил измамен и изигран го турка во лавиринтот на страдањето кој го удира со нечовечка сила и моќ“, вели режисерот Де Бреа.