27/04/2024
Виц

Виц

Некоја жена си купила детектор за лаги. Го донела дома и почнала да го испитува синот:

– Што доби на тестот по математика?

– Петка.

Детекторот почнал да свири.

– Добро де, тројка добив!

Детекторот: Бииииип!

– Мамо кец добив ама ќе го поправам!

Мајката: Јас кога одев на школо сите ми беа петки.

Детекторот почнал да пишти.

Таткото: Кога јас одев на училиште…

Детекторот речиси експлодирал.

Синот: Тато па ти не си одел на училиште!

Таткото: Сине, немој да ме зезаш, па јас сум ти татко, што мислиш на кого си ти?

И тогаш детекторот експлодирал!