20/04/2024
Виц

Виц

Човек од село се јавува кај кумот во Скопје…

– Ало, куме!!! Да те прашам, дали можеш да го вработиш малиов, сега заврши средно школо, а нема некоја желба да учи повеќе…?

– Се разбира, пушти ми го ти мене него во Скопје, одма ќе го вработам во Општина, ќе има 1500 евра плата, ништо нема да работи, ќе чита весници, ќе прави тоа што ќе му речат…. и тоа е!

– Леле, немој куме, тоа се многу пари за млад човек, ќе се расипе… дај нешто за помалку пари, а малку повеќе да работи.

– Добро, а дали сака да биде претседател на Управен одбор во мојата фирма, тука платата ќе му биде 1000 евра, ќе доаѓа на работа еднаш-двапати неделно, ќе има секретарка, службена кола, шофер, телефон…

– Немој куме те молам, многу е и тоа. Дали има некоја работа со 8 часа работно време, 5 дена неделно и да зема едно 20-30 илјади денари?

– Е, за жал, не може! За тоа ќе му треба факултет!!!