29/03/2024
Спорт

Викендов ќе се одржи ревијален ватерполо турнир

Во чест на Денот на независноста на Република Македонија, овој викенд, сабота и недела, 8-ми и 9-ти септември на Градското пристаниште во Охрид ќе се одржи ревијален ватерполо турнир.

Учество ќе земат ветераните од ватерполо клубови од Скопје, Струга и домаќинот Охрид.

Ватерполо ветераните уште еднаш ќе се обидат да ја вратат традицијата на квалитетно ватерполо во водите на Охридското Езеро и ќе одиграат ревијален ватерполо турнир со хуманитарен карактер.