17/04/2024
Спорт

Викендов во Охрид ќе се одржи Меѓународна едриличарска регата 2022

Овој викенд 24.09 – 25.09.2022 на Охридското Езеро се организира Меѓународна едриличарска регата. Отворањето е во сабота во 10:00 часот. На настанот ќе присуствуваат градоначалникот на општина Охрид – Кирил Пецаков и конзулот на Р.Србија во Охрид – Михајло Филев. На регатата ќе учествуваат околу 50 едрилици од клубови од Македонија, Србија и Бугарија.

📅 Сабота 24.09.⁣2022
⏰ Свечено отварање 10:00 часот⁣
📍 Плажа Горица 1 К’j Дивоно ⁣
⛵️Регатно Поле: Охридски Залив
класи: Optimist, ILCA 4, 470.
Учесници од клубовите:
– 🇷🇸 J.K Палич – Палич, Србија
– 🇷🇸 J.K Панонија 1975 – Бела Црква, Србија
🇷🇸 Ј.К Смедерево-Смедерево, Србија
– 🇧🇬 Ц.С.Ј.Ц – Централ Софија Јахт Клуб – Софија, Бугарија
– 🇲🇰 Е.К Снегар – Струга
– 🇲🇰 Акватика Јахтинг – Охрид
Организатор: Акватика Јахтинг – Охрид
Покровител: Едриличарска Федерација на Македонија и Општина Охрид.


WebOhrid / 22.09.2022