26/04/2024
Охрид

ВМРО-ДПМНЕ: Што правеше градежната механизација на ЈП „Водовод” за време на викенд пред новиот штаб на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„Расипничкото и недомаќинско работење на Георгиески станува сѐ повеќе и повеќе видливо.

Георгиески да каже дали ги злоупотребува јавните претпријатија за задоволување на партиското раководство на СДСМ?

Георгиески да одговори што работеше механизацијата на ЈП „Водовод” за време на викенд кај штабот на СДСМ?

Која е целта што се ископа паркот пред штабот на СДСМ?

Дали наместо зеленило ќе се гради паркинг простор?

И додека граѓаните мака мачат со вода за пиење, додека десетици дефекти на водоводна мрежа чекаат нивна санација приоритет на ЈП ,,Водовод” беше уредување на штабот на СДСМ.

Ако кратерот на улица „Железничка” чекаше да помине викендот за да биде поставена сигнализација и саниран, тогаш за партиските потреби нема викенд.

Ваквото лицемерно и недомаќинско работење каде што личните и партиските интереси се во прв план наместо интересите на граѓаните завршува со поразот на Георгиески на локалните избори.“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.