29/03/2024
Охрид

ВМРО-НП ја поздравува одлуката за признавање на нашата света апостолска православна црква

ВМРО Народна партија Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„ВМРО – Народна партија од Охрид ја поздравува одлуката на светиот синод на Македонската Православна Црква да изнајде начин за признавање на нашата света апостолска православна црква и секако да се исправи една историска неправда од 1767 година кога беше укината Охридската Архиепископија.

За таа цел го охрабруваме светиот синод на МПЦ да продолжи да разговара со сите православни цркви, особено со оние кој вистински сакаат да помогнат во признавањето на МПЦ, а тоа во моментов е Бугарската Православна Црква.

Нашиот апел до двете православни и сестрински цркви и до нивните великодостојници е да го искористат овој историски момент и да си подадат рака и со тоа ќе покажат зрелост и мудрост, а истовремено ќе придонесат кон приближување и помирување и на другите православни цркви во регионов.

Имено, не можеме да ги разбереме напорите на поединци и одредени медиуми кој со сите сили работат овој историски договор да не успее. Уште еднаш го повикуваме владиката Повардарски Агатангел, повеќе да се посвети на учење на верата и љубовта помеѓу христијаните, а во иднина кога ќе се појави во јавност ставовите кој ги изнесува барем да бидат негови, не ментор и нарачател да биде Илија Димовски. Од такви ментори кој беа на власт единаесет години видовме до каде ја донесоа Македонија и Македонската Православна Црква.“ – стои во соопштението од ВМРО – Народна партија – Охрид.