Во сабота ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци во Дебрца
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 01.06.2018 год. (петок) екипата на ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .
Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 08 часот.
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Белчишко блато и крајбрежјето на Голема река со опфат на Грко поле, Средоречје и Ново село.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.