29/04/2024
Дебрца

Возило излета од коловоз помеѓу Требеништа и Мешеишта, повредени 4 лица

На 12.07.2023 во 13:50 часот во СВР Охрид беше пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу с.Требеништа и с.Мешеишта, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.З.(47) од селото Стрелци, кичевско, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобија сопатниците Ќ.С.(56), Ф.З.(22) и Ф.З.(46), сите од истото село, а возачот се здоби со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид и Општата болница Охрид.

Извршен беше увид од увидна екипа од СВР Охрид.


WebOhrid / 13.07.2023 / СВР Охрид