29/04/2024
Охрид

Градоначалникот Пецаков оствари средба со амбасадорката на Србија, Јовановиќ

Во официјална посета на Општина Охрид, денес, беше амбасадорката на Република Србија Н.Е. Невена Јовановиќ.

На средбата градоначалникот и амбасадорката ги истакнаа добрите и пријателски односи помеѓу македонскиот и српскиот народ. Изразија желба и подготвеност ваквите односи дополнително да се надоградат со остварување на соработи во повеќе полиња. Потенцирано беше дека отворањето на сезонската авиолинија Охрид – Белград  е од големо значење за развојот на туризмот во Охрид.

Соговрниците разговараа и на актуелни теми кои го засегаат регионот.


WebOhrid / 13.07.2023 / Општина Охрид