Втор фудбалски камп на фондација Реал Мадрид во Охрид

Од 14 до 18 јануари 2019 година во Охрид, во хотелот „Аквалина“, ќе се одржи вториот фудбалски камп на Фондацијата на фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“. Ова беше соопштено на денешната  прес-конференција на која зборуваа градоначалникот  Јован Стојаноски,  Влатко Тодев, лиценциран партнер на „Real Madrid Campus Experience“ во Македонија и Горан Ѓоргоноски од агенцијата „Спорт- Арена“.

На вториот фудбалски камп на „Реал Мадрид“  се очекува да учествуваат стотина деца на возраст од 7 до 17 години,  кои ќе тренираат и учат тактички и технички аспекти за фудбалот, а воедно ќе научат многу повеќе за најважните вредности и идеали како што се тимскиот дух, толеранцијата и здравиот начин на живот.

Општина Охрид, годинава ќе го подржи овој настан, а за идната година, како што беше речено на прес-конференцијата, се очекува да се потпише договор за натамошна соработка.