Започнува со работа административно деловната зграда во која е зелениот пазар

Утре во Охрид свечено ќе биде отворена новата Административно деловна зграда во која е сместен затворениот зелен пазар. На свеченоста ќе присуствува градоначалникот Константин Георгиевски, а е најавено присуство и на Премиерот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Продажбата на производи на затворениот зелен пазар ќе започне на 1-ви јануари 2020 година.