11/10/2024
Охрид

Заврши четиринаесеттата седница на Советот на општина Охрид

Советот на општина Охрид на денешната седница ги прифати предложените одлуки за усвојување на извештаите за реализација на програмите за работа за периодот од 01.01. до 30.06. 2018 година на советот на општина Охрид, поттикнување на развојот на туризмот, за поддршка на локалниот економски развој, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица, работењето на одделението за даноци, одделението за комунални такси, програмите за изработка на урбанистички планови, за заштита на животната средина, за одржување на јавна чистота, за одржување и користење на паркови и зеленило,за одржување и заштита на локалните патишта, улици и регулирање на режим на сообраќај, за развојната програма за други комунални услуги, за изградба на системи за водоснабдување, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за јавно осветлување, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води, за изградба на сообраќајна сигнализација, за уредување градежно земјиште, за активностите во областа на образованието, за детска заштита, за социјална заштита, за спорт и рекреација, за култура и за остварување на Буџетот на општина Охрид.

Беа прифатени и измените на програмите за работа за 2018 година на советот на општина Охрид, за противпожарната заштита, за подршка на локалниот економски развој, за поттикнување на развојот на туризмот, за заштита на животната средина,, за одржување на јавна чистота, за одржување и користење напаркови и јавно зеленило, за изградба на системи за одведување и пречистување на отпадни води, за други комунални услуги, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици, за јавно осветлување, за уредување на градежно земјиште, за изградба на системи за водоснабдување, за заштита на локални патишта и улици и регулирање на режим на сообраќај, за изградба на сообраќајна сигнализација, за спорт и рекреација, за активностите во образованието, за дополнување на Буџетот на ЕЛС- општина Охрид и одлука за извршување на Буџетот.

Советот ги прифати и одлуките за прифаќање донација на паркиралиште за велосипеди, за давање во закуп на недвижен имот, за давање на користење недвижен имот, за прифаќање донација на училишна и медицинска опрема, за прифаќање донација на училишна, облека, постелнина и медицинска опрема, за утврдување на приоритет на проектите, за давање согласност за намената на инвестицијата и за одобрување на паричен и непаричен придонес за кофинансирање на предлог подпроект – реконструкција на Кеј „Македонија“ – општина Охрид.

На седницата на Советот на општина Охрид, беа прифатени извештаите за работа за периодот од 01.01. до 31.03. 2018 година и одлуките за именување на нови членови во Управните и надзорните одбори во ЈП „Билјанини извори“, ЈП „Охридски комуналец“, ЈП „Градски пазар“, МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“- Охрид, ЈП „Нискоградба“ и ЈП „Градски грбишта“, а беше прифатена и одлуката за разрешување членови во Управниот одбор на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ – Охрид.