29/03/2024
Дебрца

Жител од Мешеишта упатил закани кон вработените од шумска полиција

На 20.03.2021 година, во СВР Охрид пријавено е спречување на овластени службени лица од шумската полиција при преземање службени дејствија, случено во 14 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, на влезот од селото Мешеишта, општина Дебрца.

При обид да запрат товарно возило во нелегален транспорт на огревно дрво, П.Т. од селото Мешеишта, со камион го попречил движењето на службеното возило на шумската полиција по што, се собрале повеќе жители на селото. Притоа, Н.Т од истото село, на двајцата службеници им упатил сериозни закани по нивниот живот и сигурноста.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.