26/04/2024
Охрид

Жител од Тетово лишен од слобода за кого била распишана потерница од Затворот Скопје

На 12.03.2020 во 20.40 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишиле Б.С.(43) од Тетово, за кого била распишана потерница од Казнено поправната установа – Затвор Скопје.

Тој бил пренесен во Скопје и предаден на затворските служби.