27/04/2024
Охрид

Продолжуваат успесите на учениците од ОУ „Григор Прличев“

Продолжуваат успесите на учениците од ОУ „Григор Прличев“, Охрид.

На 19.5.2018 (сабота) учениците од ОУ „Григор Прличев“, ги постигнаа следните резултати на државниот натпревар по природни науки:

  • Иван Буриќ V одделение под менторство на наставничката Љубица Тодороска го освои I место;
  • Елена Веруш IV одделение под менторство на учителката Валентина Трпческа ја освои III награда;
  • Митко Савев VI одделение под менторство на наставничката Валентина Петроска беше пофален.

На 28.5.2018 (понеделник) учениците ги постигнаа следните резултати на државниот натпревар по германски јазик:

  • Нина Стевоска VII одделение под менторство на наставничката Моника Герасимоска го освои II место;
  • Емилија Николовска VII одделение под менторство на наставничката Моника Герасимоска го освои III место.