27/04/2024
Охрид

25 млади од АК „Брег на младоста“ утре ќе се упатат на одбележување на 40 години од младинската работна акција „Стрежево“ – Битола

Утре, 25 млади од Акцијашкиот клуб „Брег на младоста“ ќе се упатат на одбележување на 40 години од младинската работна акција „Стрежево“ – Битола и ќе одадат почит на сите илјадници акцијаши кои несебично се вградија во изградбата на овој капитален објект – хидрооперативен систем „Стрежево“.

„Благодарност до градоначалникот на Општина Дебрца што ни обезбеди превоз и чесно ни го врачи знамето на бригадата која во 1980 година учествуваше во изградбата, а ние почесно ќе ја вратиме.“– велат од АК  „Брег на младоста“.

Акцијашкиот клуб “Брег на младоста” – Охрид интензивно се подготвува за учество на младинската работна акција “Рибаричи 2019” – Нови Пазар, Р. Србија каде со 25 свои членови од 14- 31 јули заедно со уште 200 млади од Триглав до Гевгелија ќе работаме и ќе се дружиме.

„Нови Пазар е град на добри домаќини и еснаф луѓе и сите живеат оваа акција да успее.

Им благодариме на организаторите што го прифатија нашиот принцип во бригадата да има 20 млади и 5 ветерани, впрочем ние како акцијашки клуб сме пионери во возобновувањето на акцијаштвото на бившите Ју простори.“– додаваат од АК „Брег на младоста“