30/04/2024
Охрид

Одржан концерт по повод големиот христијански празник Св.Климент Охридски (летен)

Во црквата Св. Софија, синоќа се одржа концерт на  оперска пејачка – сопран Илина Митревска во пијано придружба на проф. Дарко Мариновски во чест на празникот Св. Климент Охридски. Присутните во име на Општина Охрид ги поздрави заменик градоначалникот Перчо Божиноски.

– Делата како плод на уметноста носат вистина чија вредност е силен одблесок, а нејзините дарови се врвните уметнички души. Пред нас е аманет тоа да го негуваме како духовна ризница на Македонија затоа што културата е нашиот белег и нашето опстојување. Токму тоа како Општина Охрид го докажуваме со организацијата на овој величествен оперски рецитал со Илина Митревска – сопран и пијано придружба: Дарко Мариновски. Во чест на летен Свети Климент Охридски во овој духовен храм на убавината ги соединуваме јазикот на музиката и моќта на зборот. Ме радува што вечерва гледам искрен ентузијазам чувствувајќи колку многу си ја сакаме музиката и татковината. Да се препуштиме на нашите виртуози за кои не се сомневам дека има да допрат до нашите срца и што подлабоко да продрат во нашата душа, рече во своето обраќање заменик градоначалникот Божиноски.

Организатор на концертот е Општина Охрид, а се реализира со поддршка на Македонската православна црква.


WebOhrid / 09.08.2023 / Општина Охрид