27/04/2024
Македонија

Чествување на 2-ри Август, Ден на Републиката

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со претставници на Сојузот на борците, по повод 2-ри Август – Ден на Републиката, денеска, во Алејата на великаните, на градските гробишта Бутел во Скопје, положи цвеќе пред Споменикот на паднатите борци од НОБ, се поклони и оддаде почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски и на генерал Михајло Апостолски.

Делегација од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, предводена од генералниот секретар Миле Бошњаковски, по повод 2-ри Август, положи цвеќе пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена-борец, пред споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Северна Македонија и пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на градскиот плоштад во Скопје.

По повод 2-ри Август – Денот на Републиката, делегации од Кабинетот на Претседателот денеска учествуваа на одбележувањето на Илинден во Крушево, во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце и во Смилево.