„Дедо и внук“ освои романски оскар за најдобра фотографија во категорија игран филм

Филмска манифестација „Гопо“ ги слави најважните достигнувања на романското кинематографија во годината 2020 година, што се одржува под знакот на пандемијата на коронавирусот. И покрај тешкотиите со кои се соочија, некои од филмовите објавени минатата година имаа можност да бидат погледнати од романски гледачи, да учевствуваат на врвни фестивали, номинации и да добијат важни награди. 15-то издание на Гала на наградите „Гопо“, кое е како пандан на холивудскиот оскар за најдобрите достигнувања, во исклучиво силна конкуренција, Директорот на Фотографија, Патру Паунеску ја освои престижната награда Најдобра Фотографија на игран филм, доделена од романската асоцијација на кинематографери, за играниот филм “Дедо и Внук”, кој е направен во македонско-романска ко-продукција.

– “Признание за сработеното од нас и целиот тим од Македонија, кој направи сензационална работа и радост што луѓето можат да видат колку е убав градот во кој снимавме, имено Охрид. Ми беше чест и задоволство да работам на овој филм. Одлични услови и феноменлна екипа. Го сакам Охрид, ја сакам Македонија” – Изјави директорот на фотографија, Патру Паунеску по доделување на наградите.

По шест вредни награди на познати фестивали шурум светот, играниот филм „Дедо и внук“ ова е седма награда. ФИлмот неодамна беше прогласен за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон. Buenos Aires International Film Festival, Osaka International Film Festival – OIFF, Stockholm City Film Festival, Dallas Independent Film Festival и Prisma Rome Independent Film Awards, International film Festival – Sweden се последните филмски фестивали кои го селектираа во својата програма играниот филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски.

– “Направивме добар филм. Филм, со приказна која никого не го остава рамнодушен. Се радувам на сите награди и признанија. Ме прават горд и ме мотивираат и ми даваат поттик за уште подобар да бидам во иднина. Учев во добра школа, Филмската академија во Букурешт, Романија, која ми даде знаење и занает да го прикажам најдоброто. Да бидам достоен, културен амбасадор на Македонија. Филмовите се скапа уметност, но неопходни за културата на еден народ. Се надевам дека национална поддршка ќе биде поголема во иднина” – изјави Илија Пиперкоски.

Режисерот Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, раскажува прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.