Дезинфекција на јавните објекти и површини

Екипите  на ЈП „Охридски Комуналец“  денеска извршија дезинфекција на дел од јавните објекти и јавните површини подрачјето на Општина Охрид.

Во денешната акција беа опфатени:

  • Ходничните и скалишните простории на ТЦ „Амам“
  • Приемните и шалтерски простории на ЈП „Пошта на Северна Македoнија“
  • Просториите во објектите на СВР Охрид
  • Приемните и шалтерски простории на дел од банките
  • Клупите и дел од јавните површини во центарот на градот.

Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивнo и во текот на наредниот период.