26/04/2024
Спорт

ГФК Охрид ремизираше со Вардар, додека Воска Спорт забележа нова победа

Во рамките на 16 коло од Втората фудбалска лига – Запад, на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ во Охрид, домашниот тим ГФК Охрид Лихнидос го пречека најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар.

Во одлична фудбалска атмосфера, идеални услови за игра и максимално исполнетите трибини, и покрај одличната игра на двата тима, овој натпревар заврши без голови, 0:0.

Фудбалскиот клуб Воска Спорт играше во гости против Кадино, каде забележа победа од 0:2.

По одиграни 16 рунди, Силекс е на првото место со 42 бодови пред Воска Спорт со 35 и Вардар со 30 бодови. ГФК Охрид Лихнидос е на 7 место со 16 бодови.


WebOhrid / 19.02.2022