27/07/2024
Регион/Свет

Хрватската пошта откупува криптовалути

Следејќи ја успешната имплементација и добрите резултати на пилот-проектот за откупување криптовалути во поштата во Задар, Хрватската пошта ја проширува оваа услуга на вкупно 55 пошти во сите општини во Хрватска.

„Од 9-ти декември, сите домашни и странски корисници во неколку едноставни чекори ќе можат да ги променат своите криптовалути во куни. Откако ќе аплицирате, QR-кодот се скенира и добивате готовина во поштата. Може да се разменуваат пет најчесто користени криптовалути (Bitcoin, Ethereum, Stellar, Ripple и EOS). Детални информации за сите услуги може да се најдат на crypto.posta.hr.

Пилот-проектот покажа дека постои интерес за овој вид услуги и затоа Хрватската пошта ќе понуди откуп на криптовалути во поштата низ целата земја. Последните години се зголемуваат корисниците на криптовалутите и тие често ги планираат патувањата точно каде можат да ги разменуваат своите дигитални пари во локална валута. Со широк опсег на оваа услуга, хрватските градови ќе станат уште поинтересни за бројните гости.

Сите пошти во Хрватска што ја нудат оваа услуга можат да се најдат на порталот crypto.posta.hr во кој има и калкулатор. Со калкулаторот, можете лесно и брзо да откриете колку Поштата може да ви понуди за вашите криптовалути. Размената на криптовалутите се врши во соработка со хрватската компанија Електрокоин, која веќе 5 години успешно го води сервисот bitcoin-mjenjacnica.hr.

Во иднина се планира да се воведе можност и за купување криптовалути во хрватските пошти.

Дигитализацијата е една од развојните стратегии на Хрватската пошта и иницијатор на бројни деловни проекти. Со влегувањето во пазарот на дигитални валути, Хрватската пошта ја потврдува својата позиција како еден од лидерите во дигиталната трансформација. Во фокусот на Хрватската пошта се сите иновации што ги донесе индустријата 4.0, така што нашите тимови денес се занимаваат со вештачка интелигенција, роботи, зголемена реалност, анализа на податоци, односно Интернет нештата (IoT).“ – стои во соопштението на официјалната веб-страна од Хрватската пошта.