25/04/2024
Охрид

ИЕО „Пионер“ учествуваше на натпреварувачко-хуманитарната акција „Фениксија“ во Прилеп

Во периодот од 03-05.05.2019 година се одржа национална извидничка натпреварувачко-хуманитарна акција во урбана ориентација во Прилеп насловена како „Фениксија“. На акцијата зедоа учество повеќе од 130 учесници од целата наша Татковина.

Извидничкиот Езерски Одред „Пионер“ од Охрид учествуваше со две екипи на развигорци при што истите ги освоија првото и второто место.

„Со ова продолжува активно да се спроведува извидничкото движење во градот преку нови генерации на извидници кои достоинствено ги бранат боите на одредот и градот Охрид.“ – вели Зоран Костоски, старешина на ИЕО „Пионер“.