Извршена дезинфекција во НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид

Во рамките на преземањата за превентивна заштита на здравјето на вработените и идните корисници на услугите НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид вчера спроведе дезинфекција на работниот простор.

Екипа на Центарот за јавно здравје од Охрид во присуство на дел од вработените во библиотеката спроведоа целосна дезинфекција на просторот во кој сега функционира библиотеката, но и во просторот во кој би требало наскоро да почне со работа и е со идентична површина на сегашниот.

Имено, од 12 до 24 март во насока на спроведување на дополнителни заклучоци, мерки и препораки од 16-тата седница на Владата на Република Северна Македонија, НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид прекина со работа и така ќе биде сè до добивањето на новите мерки и препораки од Владата.