Јована Матевска Атанасова е автор на наградениот расказ на конкурсот за најдобар расказ „Живко Чинго“

Јована Матевска Атанасова, романсиерка и рецензентка, е родена на 16.06.1991 година.  По професија е дипломиран психолог.  Добитник е на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за 2020 година. Во 2015 и 2016 година добила откупни награди на конкурсот за краток расказ на Нова Македонија. Покрај нив добитник е на повеќе награди на општински и регионални натпревари за кратки раскази. Нејзините раскази се застапени и во повеќејазични збирки „Бибер“ кои ги опфаќаат темите за помирување од војната, во појасот на бившите југословенски простори. Напишала два романи „Тамбовските снегови“ и „Писмата во библиотеката“. Во публикација е нејзината прва збирка со раскази, поддржана од Министерството за култура, „Гладоморје“.

Наградата ќе се додели на 13 август 2021 г. на традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

„ПУРА ВО ОСАКА“